Јавната библиотека на Торонто нуди голем број услуги, сите БЕСПЛАТНИ, со цел да ви помогне да се сместите во вашиот нов град.

Посетете нѐ за да:

  • Добиете членска картичка. Бесплатна е. Сѐ што ви треба е 2 вида идентификација, една со вашето име и адреса
  • Користите компјутери, достапни во 100 деловници на библиотеката со пристап до интернет, програми за обработка на зборови и многу бази на податоци
  • Се поврзете со бесплатна wifi во сите подружници на библиотеката
  • Позајмувате книги, филмови и друго, лично од подружница на библиотеката или онлајн. Библиотечните материјали се достапни на повеќе од 40 јазици
  • Да се сретнете со работник за сместување кој може да ви помогне да најдете работа, да добиете возачка дозвола и многу друго
  • Да учествувате во часови за изучување и користење на англискиот јазик
  • Да преземете голем број на електронски ресурси за возрасни лица и деца вклучувајќи материјали за англискиот јазик како втор јазик
  • Учествувате во нашите програми што се однесуваат на разни видови теми, вклучувајќи како да почнете мала дејност, приказни за деца и како да најдете работа
  • Се поврзете со вработените во библиотеката во 100 подружници. Вашите прашања се добредојдени и со нетрпение очекуваме да ви помогнеме. Имаме пристап до толкувачи за голем број јазици.

Сите ние во Јавната библиотека на Торонто со нетрпение очекуваме да ве сретнеме и да го споделиме големиот број ресурси за вашиот успех!